” П Р В А Ч Е – 2022/2023″

 

 

 

 

 

 

 

 

***Комисија за запишување на деца кои не се вклучени во настава***

 


” Првенец на генерација – 2021/2022″

 

 

 


Информација за електронски упис на ученици во прва година во средно образование

 

 

Почитувани ученици, почитувани родители,

 

Со цел оптимизирање на целокупниот процес на уписи во средните училишта во Република Северна  Македонија, Министерството за образование и наука  за прв пат оваа година воведува нова дигитална услуга  која ќе Ви овозможи електронско аплицирање и нема да Ви одземе повеќе од 5-10 минути.

Пријавувањето на учениците ќе се врши преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука  https://e-uslugi.mon.gov.mk  со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk.

Регистрација на системот нема да биде потребна и најавата ќе се врши исклучиво со корисничките сметки на schools.mk .

Упатството за логирање/најава во системот и пополнување на пријавата ќе биде поставено со линк на страната за логирање/ најава.

За првото пријавување на учениците во конкурсниот рок, Порталот ќе биде отворен од 10.06.2022 година  во 10.00 часот. Учениците ќе може да ги пополнуваат своите пријави (апликации) заклучно со 15.06.2022 година најдоцна до 15.00 часот, после што системот ќе биде затворен за онлајн аплицирање од ученици.

Во наведениот период додека системот за аплицирање е достапен за учениците, тие ќе можат да вршат ажурирање, измени и  дополнувања на своите пријави и да имаат увид во вкупниот број на поени од успехот, без поените од дипломите.

Валидација на дипломите и внесување на поени од дипломите вршат комисиите од средните училишта.

Доколку учениците до 15.06.2022 сè уште го немаат добиено своето свидетелство за IX-то одделение,  ги внесуваат своите оценки евидентирани во е-дневникот. Во полето за свидетелство за IX-то одделение (во полето за прикачување) прикачуваат документ/слика (слика од е-дневник) и на тој начин ја завршуваат апликацијата. Свидетелството од IX-то одделение,  задолжително ќе го приложат  до училиштето при доставувањето на целокупната потребна документација на 16-ти  и 17ти јуни.

Прелиминарната ранг листа на запишани ученици се објавува на 16-ти  јуни 2022 година на интернет страницата на Министерството за образование и наука  www.mon.gov.mk, односно на https://e-uslugi.mon.gov.mk  најдоцна до 09:00 часот.

Доставувањето на потребената документација  до училиштата е на 16-ти  јуни од 12.00 часот до 19.00 часот и на 17-ти  јуни од 07.00 часот до 19.00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.


 

 


 

 

🍀 Нашите ученици Матеа Инѓиќ, Јован Јакимовски и Ева Стојанова, на 31.3.2022 год., повторно учествуваа на квизот на знаењата “Ученичка квизотека 2021”, организирана од Детскиот културен центар “Карпош”.
✅Настанот беше организиран по сите протоколи, за да се заштити здравјето на децата во услови на пандемија. Заедно со екипите на училиштата “Блаже Конески” и “Кочо Рацин”, во прекрасна атмосфера, низ игра и одлична комуникација и соработка, нашите претставници го освоија второто место 🎖🥈🎖
Честитки за нашите претставници и им посакуваме понатамошен успех на секое поле!

 

 

 

 

 


 

,,2ри Април, Светски ден за подигнување на свесноста за аутизам”
🦋 Во периодот од 29.03.2021 – 02.04.2021г. во ООУ,,Љубeн Лапе” се реализираа повеќе актовности со цел одбележување на Неделата за подигнување на свесноста за аутизмот🍀
✅ Учениците од 2⁶ заедно со наставничката Елизабета Славковска, стручните соработници во училиштето и образовниот асистент – Ирена Милевска, земаа активно учество и реализираа работилница на оваа тема 🌈💞

 


 

🤩🎊 Весело, разиграно и распеано е нашето училиште денес… го прославуваме 1ви Април – денот на шегата 🥸🤠🤡
👿😍🥳 Се маскиравме, кажувавме шеги, но и го претставивме училиштето на традиционалниот маскембал во општината

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


 

✅ Важно соопштение за учениците од 9️⃣то одделение
🔛 Објавен е конкурсот за запишување на ученици во јавните средни училишта ❗

 

♻️ Во насока на јакнење на јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето, НУЛА ОТПАД во соработка со Капитол мол и Општина Аеродром поттикнуваат иницијатива за изработка на маски од електричен отпад кои ќе бидат презентирaни во форма на дигитална кампања на социјалните мрежи на Капитол Mол под името Е-КАПИТОЛИЈАДА.
✅ Во Изборот на најдобра еко маска право на учество имаат сите деца од Општина Аеродром, вклучувајќи ги сите градинки и основни училишта 🍀
Посетете го линкот за повеќе информации


…kликнете за да го погледнете на Facebook\



…kликнете за да го погледнете на Facebook\



…kликнете за да го погледнете на Facebook\



…kликнете за да го погледнете на Facebook



…kликнете за да го погледнете на Facebook


🌷 Креативна атмосфера во нашето училиште владееше во текот на вчерашниот ден. Учениците од одделенска настава се приклучија кон креирање на разни креативни изработки по повод Меѓународниот ден на жената, под мотото “Се радуваме, празнуваме и љубов на жената и подаруваме” 🌺

 

📌 Со цел да ги израдуваме и да им искажеме почит на дел од највозрасните жени во нашата општина, в.д. директорката м-р Сања Стојанова заедно со неколку одделенски наставнички и ученици го посетија Пензионерскиот дом во Општина Аеродром и ги поделија изработките од нашите вредни ученици кои ги направија за нив 👏

 

 

 

 

 


* * * * *   8-ми Март   * * * * *

На иницијатива на Ученичкиот парламент, денес во нашето училиште започна🌺Неделата посветена на жената🌺 по повод празникот 8ми Март, но и да укажеме на тоа дека секој еден ден треба да ја почитуваме, да и се радуваме и да ја љубиме❣

 

 

Отварањето на оваа Недела посветена на жената, исполнета со разни активности го направивме денес во присуство на одговорните наставници, в.д. директорката м-р Сања Стојанова и претставници на учениците од сите паралелки од 6️⃣ до 9️⃣ одделение 🔆

 

 

🌸Денес под мотото “Се радуваме, празнуваме, љубов на жената и подаруваме и со нетрпение “8ми Март, Денот на жената” го очекуваме” литературната секција со поддршка на музичката секција ги сподели своите творби преку литературно читање 🦋

 

 

 

 

 

 

 

 

 


Организацијата на Црвениот крст и црвената полумесечина, тема: “Кардиоваскуларни заболувања – причини, последици и превенција од нив”


Организацијата на Црвениот крст и црвената полумесечина, на 21.2.2022 год., во нашето училиште оствари стручно предавање на тема “Кардиоваскуларни заболувања – причини, последици и превенција од нив”. Лекарот, во присуство на в.д.директорката м-р Сања Стојанова, педагогот, наст.по граѓанско образование, а во интеракција со децата, на мошне интересен и приемчив начин објасни за лошите животни навики, кои најчесто се причина за појавата на болестите кај срцето и венскиот систем. Им понуди на децата и одлични совети за развивање на добрите животни навики, како превенција од кардиоваскуларни заболувања, со единствена цел – грижата и заштитата на физичкото и менталното здравје. Тоа ќе се постигне ако се придржуваат на правилната здрава исхрана, спортувањето и отфрлањето на штетните навики и зависностите, за што подолго да имаат добро здравје и успешен живот. Нашето училиште секогаш, со огромно задоволство соработува со оваа организација, затоа што со своите активности ни помага во правилното воспитание и едукација на нашите млади. Со нетрпение ја очекуваме нивната следна посета.

 


Safer Internet Day – 8 February 2022
Активности за подигнување на свеста за Побезбедно користење на Интернет кај учениците  “Together for a better internet”

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


 

Инклузивно игралиште во дворот на ООУ„Љубен Лапе“ во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

 

Скопје, 30.12.2021Од денес учениците од основното училиште „Љубен Лапе“ во општина Аеродром ќе може да спортуваат, да играат и да другаруваат на новото инклузивно и пристапно игралиште сместено во дворот на училиштето.

Ова е осмо инклузивно игралиште, како дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ финансиран од Европската Унија. Овој проект веќе 16 месеци успешно работи во насока на суштинско вклучување на учениците со попреченост во редовните основни училишта.

 

 

 

 

 

„Образованието им помага на децата да прераснат во возрасни кои знаат да се справат со предизвиците во нивниот приватен и социјален живот. Образованието им помага на децата да разберат дека индивидуалноста значи различност и дека сите поединци, колку и да се различни, имаат исти права и ги збогатуваат нашите општества. Целосното вклучување на децата со попреченост во редовниот училишен систем не е лесна задача, ниту во земјите на ЕУ. Резултатите варираат, исто така поради различните национални дефиниции за посебни потреби и различните традиции на училишниот систем. Сепак, политиката на ЕУ за ова е јасна: мора да се оддалечиме од сегрегираното специјално образование. Попреченоста е прашање на права, а не прашање на дискреција.“ посочи г-н Стефан Ходулин од канцеларијата на ЕУ во земјава.

Оваа инклузивно игралиште во основното училиште „Љубен Лапе “ во кое се образуваат повеќе од 1100 ученици е од огромна важност за Општина Аеродром.

 

 

 

 

 

„ Инклузивните игралишта нудат стимулација на учениците со попреченост и нивна вклученост во играта, она што во суштина е најзначајно за децата. Со задоволство го ставаме во употреба ова игралиште и со него ја унапредуваме инклузивноста во училиштето и пристапноста на образовните програми до сите ученици, но и на општината. Многу е  важно децата со посебни потреби да имаат еднакви можности за образование, спортување, учење и другарување со сите останати ученици.“ – изјави градоначалникот на Аеродром, г-н Тимчо Муцунски.

Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ има за цел да им помогне на училиштата каде учат учениците со попреченост – стипендисти на Проектот да ја подобрат својата инклузивност и пристапност. Со создавање на пристапни и стимулативни средини за учење, како и високо квалитетна прилагодена настава за учениците, училиштата опфатени со проектот стануваат места со еднакви  можности за образование на децата, вклучувајќи ги и оние со физичка, сетилна и интелектуална попреченост.

„Во текот на овие 16 месеци спроведување на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, кој е финансиран од Европската Унија, доделени се стипендии на 471 ученици во почетните одделенија, се спроведе обука за повеќе од 280 претставници од училиштата, опремивме осум инклузивни игралишта, пет сензорни соби, една сензорна градина и доделена е асистивна технологија во четири училишта. Веруваме дека со овие активности навистина ја менуваме сликата за инклузивното образование во земјава и придонесуваме кон еднаквост во образованието, но и градење инклузивно општество за сите.“, рече Елена Мишиќ од Фондацијата „Чекор по чекор“.

Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ го реализира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ заедно со своите партнери Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“. Проектот се реализира во соработка со Министерството за образование и наука.

                                                   Фондација за образовни

                                                   и културни иницијативи

                                               „Чекор по чекор“


Гостување во утринската емисија на Алфа ТВ
,, Добро утро секое утро” 1.11.2021
Промовирање на проектните активности од Еразмус+ Проектот КА101- ,,Социјалните медиуми во училница и спречување на меѓуврсничко насилство

 

 

 

 

 

 

 

 


Честитики!

*** ООУ„Љубен Лапе“ *** е наградено со Европска ознака за квалитет за вашата работа во еТвининг проектотот „LIFE IS COLORED WITH NEW INFORMATION“. Ова значи дека вашата работа, работата на вашите ученици и вашето училиште е признаена на највисоко Европско ниво

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


Завршен настан на Активности во рамки на Еразмус + КА101 проектот  ,, Социјалните медиуми во училница и спречување на меѓуврсничко насилство “ Проект бр. 2020-1-МК01-КА101 – 077630 
 
Денес 27 октомври 2021 година се одржа завршниот настан  на кој беа промовирани активностите во рамики на Еразмус +КА 101 проектот            ,, Социјалните медиуми во училница и спречување на меѓуврсничко насилство ” Проект бр. 2020-1-МК01-КА101 – 077630 
На настанот присуствуваа наставници од основните училишта од нашата општина, професори од средни училишта, директори, претставници од Националната Агенција за европски образовни програми и мобилности и наставници од нашето училиште. 
Присутните беа запознаени со сите активности на проектот од самиот почеток, за обуките на кои присуствуваа наставниците кои беа на мобилност, како и резултатите од истите. Беа промовирани брошурите изработени од наставниците како и брошурите кои ги изработија нашите ученици на работилницата која беше реализирана во склоп на проектните активности. Најголемо внимание предизвика електронската книга која е објавена како Прирачник за наставници во дигитална училница. Во прирачникот се објаснети дигитални алатки за работа во училница и користење на образовни платформи и алатки, а истата ќе биде објавена и на нашата интернет страница и ќе биде достапна за сите наставници како во нашето училиште така и за сите наставници кои сакаат да ги применуваат овие дигитални образовни платформи и алатки.
Најавена е и соработка со првата Детска Амбасада ,, Меѓаши”  за понатамошно промовирање на проектните активности како и соработка во делот за превенција на меѓуврсничко насилство.
Благодарност до директорката Марјана Панчевска за подршката и реализацијата на сите активности, Националната Агенција за европски образовни програми и мобилности и најголема благодарност до колешките наставнички реализатори на проектните активности: Jасминка Костадиновска,- координатор на проектот, Александра Пешевска Митановска, Сања Станисавовска и Тања Атанасова.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


 

Дисеминација на активности во рамки на Еразмус + КА101 проектот  ,, Социјалните медиуми во училница и спречување на меѓуврсничко насилство 

 

Уште една работилница се одржа повторно преку платформата Zoom , и овој пат за наставниците и наставничките од училиштата од нашата општина на 20.10. 2021 година .Со нив ги споделивме нашите сознанија од обуките на мобилностите во рамки на Еразмус+КА101 проектот ,,Социјалните медиуми во училница и спречување на меѓуврсничко насилство “ наставници од ООУ ,,Браќа Миладиновци, ООУ ,,Блаже Конески, ООУ ,,Димитар Македонски, ООУ ,,Ѓорѓија Пулески, ООУ ,,Лазо Ангеловски и ООУ ,,Александар Македонски заедно со тимот од нашето училиште ООУ ,Љубен Лапе . 

Исто така и во понеделникот на 18.10. 2021 се одржа претставување на резултатите од проектот во договор со уште неколку училишта кои исто така се учесници во проекти во Еразмус+ КА101 и тоа ООУ ,,Браќа Рамиз Хамид од општина Шуто Оризари, СУГС Гимназија ,,Јосип Броз од општина Центар, Скопје, ООУ,, Кочо Рацин СкопјеООУ ,, Толи Зордумис Куманово, ООУ,, Александар Здравковски” – општина Јегновце и СУГС ,,Браќа Миладиновци “ Општина Кисела Вода.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


 

Дисеминација на активности во рамки на Еразмус + КА101 проектот  ,, Социјалните медиуми во училница и спречување на меѓуврсничко насилство 

 

Проектните активности беа споделени со ученици -петставници од сите одделенија кои се членови на Ученичкиот парламент при ООУ,,Љубен ЛАпе” на 20 октомври 2021 година. Учениците се запознаа со влијанието на социјалните медиуми, видови на меѓуврсничко насилство како и начини на делување за спречување на насилството. Наставничкиот тим заедно со педагошко психолошката служба спроведоа повеќе активности со учениците кои работеа на техники за прифаќање на различности, претпоставки и стереотипи и јазично/емоционална биографија. Во текот на следниот период ќе се спроведуваат повеќе слични активности со цел сите ученици заедно да придонесат за спречување на меѓуврсничкото насилство.

Тим на ученици работеше на изработка на брошура со антибулинг пораки за учениците – пораки за превенција на насилството меѓу учениците.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


Дисеминација на активности во рамки на Еразмус + КА101 проектот  ,, Социјалните медиуми во училница и спречување на меѓуврсничко насилство 

 

На 15.10. 2021 година се одржа дисеминација на активности од обуките на мобилностите во рамки на Еразмус+КА101 проектот ,,Социјалните медиуми во училница и спречување на меѓуврсничко насилство  со родители и ученици од нашето училиште ООУ ,,Љубен Лапе. Родителите и учениците присуствуваа на работилница со техники за подобрување на разбирање на различности како и превенција на межуврсничко насилство Дисеминацијата беше реализирана онлајн преку платформата Zoom со почеток од 19 часот од страна на наставничките Јасминка Костадиновска, Александра Пешевска Митановска, Сања Станисавовска, Тања Атанасова и директорката Марјана Панчевска.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


 

Дисеминација на активности во рамки на Еразмус + КА101 проектот ,, Социјалните медиуми во училница и спречување на меѓуврсничко насилство 

На 14.10. 2021 година се одржа дисеминација на активности од обуките на мобилностите во рамки на Еразмус+КА101 проектот ,,Социјалните медиуми во училница и спречување на меѓуврсничко насилство  со наставниците од нашето училиште ООУ ,,Љубен Лапе. Дисеминацијата беше реализирана онлајн преку платформата MS Teams од страна на наставничките Јасминка Костадиновска, Александра Пешевска Митановска, Сања Станисавовска, Тања Атанасова и директорката Марјана Панчевска.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


Erasmus Days 2021

#ErasmusDays #ErasmusDays2021 #ЕразмусДенови во ООУ ,,Љубен Лапе”- Скопје

https://www.erasmusdays.eu/event/erasmus-and-we-social-media-in-classroom-and-preventing-of-bullingi/

На 14.10.2021 година (четврток) во склоп на #ЕразмусДенови во нашето училиште ќе се реализираат следниве

Активности:

  • Изложба во холот на училиштето во делот на ЕРАЗМУС КАТЧЕ на изработки од ученици кои се дел од учесниците во Еразмус + КА 229 Проектите во склоп на Etwinning платформата на истите проекти

и тоа

  • *Life is colored with new Information – Животот е обоен со нови информации
  • *You have no right to bully me – Немаш право да ми вршиш булинг
  • *The SySTEM of Water – СиСТЕМ на води

 

  • Дисеминација на Проектот од КА101 – Социјалните медиуми во училница и спречување на меѓуврсничко насилство – online за наставници
  • Дисеминација на Проектот од КА101 – Социјалните медиуми во училница и спречување на меѓуврсничко насилство – online за ученици и родители

 

  • На 15 октомври 2021 година (петок) – Спортски активности со ученици од одделенска настава и ученици од предметна настава

 

#ErasmusDays #ЕразмусДенови

https://www.erasmusdays.eu/event/erasmus-and-we-social-media-in-classroom-and-preventing-of-bullingi/